Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Исчезнатото лице од каменичкото село Дулица по кое се трагаше е пронајдено мртво

Исчезнатото лице од каменичкото село Дулица по кое се трагаше во текот на вчерашниот ден е пронајдено мртво. Информацијата ја потврдија од СВР Штип.

На 26.04.2023 во село Дулица, општина Македонска Каменица, во близина на неговиот дом бил пронајден починат Т.А.(50) од село Дулица, за кого неговиот брат Ј.А. на 25.04.2023 пријави дека се оддалечил од домот. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираше портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Оттаму додаваат дека по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК