Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

16 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

Во текот на вчерашниот ден (26.04.2023) во периодот од 08.00 до 13.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 16 прекршоци, од кои осум поради неисправен уред за запирање…
Упатени на вонреден технички преглед се 104 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 117 други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. Навремено да се проверува техничката исправност на возилата и навремено да бидат отстранети евентуалните недостатоци.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД И ЗАКАНИ ВО КАЗИНО ВО ЛЕШОК – 31-годишник пријавил дека го нападнале три лица

ДЕСК

ДЕНЕСКА СЕ ОЧЕКУВА ЕВРОПСКИОТ ИЗВЕШТАЈ – Марта Кос ќе ги претстави оценките за напредокот на Македонија

ДЕСК

МАЛОЛЕТНИК НАПАДНАТ КАЈ „БИЗНИС ЦЕНТАРОТ“ ВО ПРИЛЕП – Таткото го пријавил случајот

ДЕСК