9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

ДУИ ја поздравува поддршката на ВМРО за коридорите 8 и 10-Д

Демократската Унија за Интеграција ја поздравува поддршката на ВМРО ДПМНЕ за изградбата на коридорите 8 и 10-Д искажана од страна на Христијан Мицкоски.

Процесот до потпишување на договорот за изградба на коридорите помеѓу Владата и конзорциумот Бехтел и Енка трае веќе повеќе од две години и во јавниот процес беа вклучени сите.

Договорот е обврска која што пратениците едногласно ја усвоија и обврзаа Владата да постапи.

Проектот за изградба на автопатите на Коридорот 8 и 10-Д е амбициозен проект од национално значење за изградба на 109 километри автопат за 57 месеци (4 пати побрзо од просечната градба во нашата земја) преку нов модел што го користат најголемите, најискусните градежни компании во светот.

Автопатиштата веќе не може да ги сопре никој и ништо, но доколку пратениците одлучат спротивно, проектот ќе трае многу по долго и ќе чини многу повеќе.
За дневна несфатлива политика на блокади во Собрание, граѓаните ќе треба да почекаат уште неколку години за да возат по автопат и ќе плаќаат милиони евра безпотребни дополнителни средства наместо со тое средства да се градат училишта, болници, градинки, гасоводи, железници, други автопатишта.

Можеби ќе ве интересира

Ковачки со апел од Илинден: Масовно излезете на 19 октомври и гласање за број 9

ДЕСК

Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ- Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија

ДЕСК

Филипче: Мицкоски воведува нов данок за граѓаните, ДДВ и на евтините пратки

ДЕСК