Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Возачи возеле 70 км на час над дозволеното: Рекордни 820 казни за брзо возење за само 6 часа

Вчера во периодот од 11.00 до 17.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 820 возачи.

Од нив 54 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 476 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 344 надвор од населено место, информира МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија: Во домот пронајдена почината 43 годишна скопјанка

ДЕСК

Две малолетнички управувајќи детски тротинет доживеале незгода со автомобил – едно девојче со тешки повреди е пренесено во градска

ДЕСК

Николоски: Започнуваме со реконструкција, модернизација и надградба на охридскиот аеродром, прва од неговата изградба. Создаваме модерен аеродром кој ќе привлече бројни патници и туристи

ДЕСК