22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Означен крајот на грејната сезона – Енергетската криза ја претворивме во можност, рече Ковачевски

Денес во РЕК Битола, гералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стафанов заедно со премиерот, Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши, раководителите на енергетските капацитети, вработените во енергетските капацитети и сите членови на економско енергетски совет го означија крајот на грејната сезона за оваа година.

Премиерот Димитар Ковачевски им додели благодарници на вработените кои, како што велат, неуморно работеа во услови на најголемата светска енергетска криза, која светот ја памети по Втората светска војна.

Генералниот Директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов, истакна дека АД ЕСМ и во иднина ќе работи со иста посветеност, ентузијазам и професионалност како и до сега.

„Од мое лично име сакам да им честитам и да им се заблагодарам на сите вработени во АД ЕСМ и на менаџментот на компанијата, затоа што професионално, максимално и со сиот свој потенцијал се вложивте себеси при справувањето со енергетската криза. Благодарение на вашата посветеност и стручност, вашиот квалитет, голем ентузијазам и дополнително вложениот труд успеавте да се справите со исклучително тешките предизвици со коишто се соочивте. Притоа, успеавте да го зголемите производството, а истовремено да ги намалите трошоците, што пак, придонесе АД ЕСМ да оствари позитивни финансиски резултати.

Докажавте, сите заедно, дека ЕСМ како компанија има капацитет да ја менаџира најголемата енергетска криза досега, секако со силна заложба и поддршка од Владата, лично од премиерот Димитар Ковачевски и од економските министри.

Ова големо признание и благодарност што ви го оддава премиерот е многу важно за сите, тоа е потврда за улогата и за успехот на секој вработен поединечно во ЕСМ и силен доказ дека Владата е наш сојузник.

Верувам дека за да ги постигнеме поставените цели на нашата компанија и во иднина ќе продолжиме со иста посветеност, ентузијазам и професионалност како и досега.”

Премиерот Ковачевски истакна дека во услови на светска криза го зголемивме домашно производство и ЕСМ наместо законски предвидените 60% производство на електрична енергија, во целост, односно 100% обезбеди струја за домаќинствата и за малите потрошувачи.

„Сега кога завршува грејната сезона, можам само да бидам горд на резултатите кои ги постигнавме и на заедничкиот успех: Кризата ја претворивме во можност. Помошта од нашите сојузници и стратешки партнери, како и на Европската Унија со 80 милиони евра, беше многу значајна за да успееме да ги реализираме нашите напори да нема ценовен шок за граѓаните и сметките за струја да останат исти. Да сублимирам: Во текот на целата грејна сезона струја и парно имаше, рестрикции немаше. Зголеменото домашно производство, донесе стабилна цена. Планот даде резултат. Тоа е најдобар демант за критичарите и квази експертите кои во текот на последниот квартал минатата година предвидуваа најцрни сценарија и го вознемируваа народот”, рече Ковачевски.