Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нападнати неколку полицајци на Велигден

Агресивно однесување и напад на полицаец е регистриран вчера во два одделни случаи.

Како што соопшти МВР, вчера во 1.00 часот на Градскиот плоштад во Берово, приведен е А.Ч.(36) од Берово. Тој агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во вториот случај, вчера во 4.30 часот пред угостителски објект во село Кривогаштани, Х.П. физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК