Centar.mk
БИЗНИС

Скок на цените на нафтата: Светскиот пазар повторно се тресе

Цената на нафтата на светскиот пазар денеска е во пораст бидејќи на пазарот се очекува објавување на податоци за инфлацијата во САД, што може да влијае на одлуката на Министерството за финансии за евентуално зголемување на каматната стапка.

Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море е повисока за 19 центи или 0,2 отсто и сега изнесува 85,80 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта порасна за 13 центи, или 0,2 отсто, на 81,66 долари за барел.

Вчера цената на нафтата порасна за околу два отсто поради оптимизмот дека американското Министерство за финансии би можело да го прекине циклусот на зголемување на каматните стапки, со што би се ослабнал доларот и со тоа овој енергетски производ ќе биде поевтин за сопствениците на други валути.

Аналитичарите изразија очекување дека индексот на потрошувачки цени во Америка треба да покаже дека во март инфлацијата се зголемила за 0,4 отсто на месечно ниво и за 5,6 отсто на годишно ниво.

Можеби ќе ве интересира

Црна Гора e традиционално важен стратешки пазар за „Алкалоид“

ДЕСК

Народната банка одбележува 34 години монетарна самостојност и 80 години централнобанкарскo работење

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на жените лидери е инвестиција во посилна економија и посилно општество

ДЕСК