Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поднесена кривична пријава против лице од кичевско за „фалсификување исправа“

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против лице (66) од с.Колибари, кичевско, со престојувалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Пријавениот, во текот на 2019 година набавил фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик со намера да се вработи како директор на државeн студентски дом. Сертификатот го заверил на нотар во Кичево, по што го приложил при аплицирање за вработување како директор во студентскиот дом.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК