Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи – Зурабишвили: Вклучувањето на жените во мировниот процес значи долгорочен и одржлив мир

Вклучувањето на сите засегнати страни при медијацијата на конфликтни ситуации е од клучно значење. Ова беше една од пораките што претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, ја истакна на средбата со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили.

Тоа ќе овозможи сеопфатност на процесот, што ќе доведе до повеќе посакувани резултати, рече Османи.

„Во таа насока, особено е важно вклучувањето на жените во мировните процеси бидејќи преку еден таков пристап може да се обезбеди долгорочен и одржлив мир. Сите учесници треба да го подобрат значајното учество на жените во меѓународните дијалози во Женева и сметаме на вашата поддршка. Целосно сме свесни за вашата силна улога на полето на женското лидерство во решавањето конфликти“, истакна Османи на средбата со Зурабишвили.

Покрај поддршката на ОБСЕ за решавање на овие прашања во рамките на воспоставените меѓународни платформи, ОБСЕ е подготвена да го засили својот ангажман директно во и со Грузија преку претставување нови програми во трите димензии на безбедноста. ОБСЕ може да даде дополнителен импулс и на регионалните иницијативи, потенцира Османи.

„За спроведувањето на оваа идеја јас давам целосна политичка поддршка и ве уверувам дека претседателството е подготвено да го сподели своето специфично искуство од Северна Македонија и од Балканот за зајакнување на регионалната соработка“, истакна на средбата Османи.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК