7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Државата ги следи светските процеси и е дел од бранот на модерни дигитални трендови

„Република Северна Македонија се дигитализира. Нашата држава ги следи светските процеси и веќе е дел од бранот на нови, модерни, дигитални трендови, кои го зафаќаат секој аспект на нашето живеење и наједноставно може да се каже дека да, доаѓа АДА, што е првиот дигитален асистент некогаш направен во Владата на нашата држава“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на презентацијата на дигиталниот асистент во јавниот сектор, базиран на вештачка интелигенција – АДА.

Тој додаде дека преку овој дигитален асистент, компаниите ќе може да добијат целосни информации за условите и инвестирањето во нашата земја и за државната помош која се нуди.

„АДА ги нуди сите информации за финансиска поддршка од страна на државата, а ќе се надоградува и со други услуги од важност за деловниот сектор и граѓаните. Преку тоа, ќе влијаеме на зголемување на транспарентноста на сите институции, но и на намалување на корупцијата и елиминирање на човечкиот фактор во процесите“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека воведувањето на првиот дигитален асистент е револуционерен чекор во нашето општество што ќе значи забрзување на процесите на давање услуги на заинтересираните граѓани и претставници на компании.

„Процесот на дигитализација е незапирлив, секаде во светот, па така и во нашата држава. Светските трендови се развиваат во правец на развивање и се поголема примена на вештачката интелигенција, која е навлезена во сите сфери од живеењето, преку склопување на машини и модернизација на процесот на производство, се до помош во домовите, па дури и создавање на дела и креации кои порано биле можни единствено со помош на човекот“ рече Ковачевски.