Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Кичевски: Една и пол година во Град Скопје владее хаос поради Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ

Една и пол година во Град Скопје владее хаос и неспособност од градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ. Бројни важни проекти се стопирани како што е реконструкцијата на Универзална сала, изградбата на улицата Есенинова и мостот на булевар АСНОМ, а клучката и кружниот тек кај Момин поток се градат далеку побавно од предвиденото темпо. Но затоа забрзано се одвива партизацијата на градската администрација и постојаната смена на директори на јавните градски претпријатија и установи, рече на денешната прес конференција Васко Кичевски, претседател на градска организација на СДСМ Скопје.

– Нема нови проекти и решенија, нема крупни градежни зафати, но затоа од страна на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ има кавги за тендери и провизии и популистички иницијативи да се врати споменикот на Ќосето – симболот на режимот на Груевски. Ете што се случува кога шпицниот градоначалник и заложник на Димитар Апасиев и Левица, Христијан Мицкоски ќе ја добие власта во градот, додаде тој.

Можеби ќе ве интересира

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

ДЕСК

Во амбулантното одделение во затворот Идризово биле пронајдени и одземени четири пакувања со бела прашкаста материја

ДЕСК

Лишени од слобода три лица, одземено возило, изречени 40 санкции, акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Штип

ДЕСК