Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Во Скопје Мицкоски ја прокоцка шансата што му ја дадоа граѓаните

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски, шпицниот градоначалник, ја прокоцка шансата што граѓаните на Скопје му ја дадоа на последните локални избори.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, кандидатката на Мицкоски за која тој лобираше пред граѓаните и која ја претставуваше како најдобра менаџерка, стана најнеспособниот градоначалник на Скопје.

Арсовска потроши година и половина од мандатот, а не реализираше ниту еден проект од Програмата.

Не само што нема нови, туку таа намерно ги прекина и проектите што ги наследи, како реконструкцијата на Универзална и мостот АСНОМ, а изградбата на улицата Есенинова и клучката кај Момин поток, стојат во место.

Слично се однесуваат и другите градоначалници на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, нема проекти и решенија, но затоа има партиски вработувања, поскапи услуги за граѓаните и задолжувања на општините.

Година и половина локална власт на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски, е година и половина стагнација на општините и Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК