Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсења во познат локал во Скопје, но и на неколку други места – приведени млади откако агресивно се однесувале кон полицајци кои вршеле службени дејствија

На 08.04.2023 во 02.15 часот пред угостителски објект на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, полициски службеници ги привеле А.П.(31), Х.Ш.(32), Д.Ј.(28) и И.Д.(28), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.04.2023 во 19.10 часот на бул.„Србија“ во Скопје, полициски службеници го привеле С.К.(41) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.04.2023 во 11.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле А.Н.(32) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и кон негова сосетка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК