Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Бектеши: Мерките кои ги носиме даваат резултати, намалени трошоците за живот во март

Мерките кои што ги носи Владата даваат резултат. Според последните податоци на Државниот завод за статиска и имаме намалување на инфлацијата односно трошоците за живот во март.
„Споредено со претходните месеци ова е најголемо најголемото намалување споредено со октомври 2022 кога почнаа да се зголемуваат цените во нашата држава и на прехранбените производи и на енергенсите. Инфлацијата е намалена за два проценти споредно со претходниот месец и во март изнесува 14,7%. Најважно е што има намалување на транспорт и храна, што значи дека мерките кои ги носиме даваат резултати“ кажа министерот за економија Крешник Бектеши коментирајќи ги последните податоци на Државниот завод за стаистика.
“Платите растат, инфлацијата, односно цените се намалуваат. Заедно се грижиме за живитниот стандард на гнашите граѓани“, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук приофил.


Според ДЗС, намалување на индексот на трошоците на живот има кај лебот и житата кои биле пониски за 4,7 отсто. Млекото имало понсика цена за 4,6 отсто, а маслото и маснотиите за 2,4 отсто. За 2,2 отсто пониска цена имале сирењето и урдата, а свежото и разладеното овошје за 1,2 отсто. Во март, рибата и морските плодови имале пониска цена за 0,8, а јајцата за 0,2 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Лоша вест: Поскапуваат сите горива – Падна одлука во РКЕ

ДЕСК

„Луѓето треба да се пензионираат подоцна за да излезат од кризата“

ДЕСК

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година

ДЕСК