Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Детали за грабежот во казино во Маџари: Извадил автоматска пушка и упатил закани по живот кон двајца, ограбувачот претходно играл во истото казино

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 30 јануари, во казино на улицата „Жан Жорес“ во населбата Маџари, осомничениот со употреба на огнено оружје и сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на двајца оштетени одзел 22.500 денари.

Откако претходно изгубил парични средства додека играл на ВЛТ апарати, тој излегол од казиното и си заминал, но по кратко време се вратил и од под јакната извадил автоматска пушка. Оружјето го насочил кон оштетените вработени и го репетирал, влегол зад пултот и побарал да му ги дадат парите. Еден од вработените му дал паричен износ од 22.500 денари по што осомничениот си заминал.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки, во нивно време се уништи Еуростандард која давала кредити без покритие на струмички фирми

ДЕСК

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат само по насоки на нивните наредбодавци

ДЕСК

Фрчкоски: Криминалниот картел се распаѓа, Пандорината кутија со Алта банка е отворена

ДЕСК