21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Левицата продава евтин популизам, пример за поговорката „Не гледај што правам, слушај што зборувам”

Партијата Левица е целосно синхронизирана со СДС и додека продава евтин популизам е типичен пример за поговорката „не гледај што правам, слушај што зборувам”, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„ Наспроти евтиниот популизам, Левица е тивкиот партнер на СДС кога станува збор за бизнисите. Левица е вистински пример за поговорката „не гледај што правам, слушај што зборувам”. Преку статуси и пароли на социјалните медиуми продаваат евтин популизам злоупотребувајќи ги чувства на народот од неправдите и криминалиите на СДС, а всушност Левица работат целосно синхронизирано со СДС.

Во Град Скопје на пример, каде што коалицијата на СДС со Левица функционира беспрекорно, заедно со ДУИ ги изгласаа програмите за работа на претпријатијата и институциите за заеднички да прават бизниси“ рече Стоилковски.

Сигурниот партнер на Левица, како што вели Стоилковски, со скопски Карпош, ги поддржа бизнис интересите на СДС за бетонизација.

„ Левица гласаше за десетици висококатници, за потребите на СДС! Сигурниот партнер на СДС Левица донесе со гласање ДУП за згради, ама не и за градинки и училишта. Бесрамно, но веќе јавноста се научи, дека Левица до вчера пишуваа статуси против урбанизација и бетонизација, а сега гласаат за принцовите на бетонот да градат станбени блокови. Било во Скопје, во Карпош или било каде во општините во Македонија, додека Левица се претставува како опозициска партија, таа е главен соработник и гласач на политиките на СДС. И со тоа, работи против волјата на народот, против потребите на народот, а за потребите на СДС“ порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој обвини дека провидна е продажбата на евтин популизам додека, како што вели, вистинската улога е тивок партнер на СДС за дебели провизии и за дебели бизниси. Македонија не смее повеќе да биде жртва на евтин популизам, не смее повеќе да биде жртва на поговорката „не гледај што правам, слушај што зборувам”, заклучи Стоилковски.