Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Трагедија: Најдено мртво тело кај Блаце – човекот бил прегазен од возило

На 30.03.2023 вo 23.45 часот било пријавено дека на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце во близина на клучка Стенковец било пронајдено починато машко лице кое било удрено од моторно возило. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

C +

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

C +

СДСМ: Кампањата против предметите на СЈО е дел од операција за враќање на Груевски

C +