8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски по средбата со Вучиќ најави интензивно економско партнерство

Премиерот, Димитар Ковачевски, денес во Белград се сретна со српскиот претседател, Александар Вучиќ, по што најави развој на економското партнерство со Србија.

„Нашето долгогодишно партнерство и пријателство продолжува поинтензивно и подинамично во рамки на економска соработка, трговска размена и друг вид соработки кои се од полза и во корист на нашите граѓани“, рече Ковачевски.

Премиерот оцени дека остварил отворен и срдечен разговор со претседателот на Србија, каде ги потврдиле взаемните заложби за унапредување на регионалните иницијативи и перспективите за зголемена меѓусебна соработка.

Политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и динамиката на пристапните преговори на Северна Македонија и Србија е важна тема, која е наш заеднички приоритет, додаде Ковачевски.

Билатералните односи меѓу двете земји се карактеризираат со динамичен политички дијалог на високо ниво, економска соработка и трговска размена.

Ковачевски и Вучиќ разменија мислења и за политиката на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и за динамиката на пристапните преговори на Северна Македонија и Србија. Во таа насока беа потенцирани реформските процеси во повеќе клучни области, градење на институционални капацитети како и развојните стратегии кои ги спроведуваат владите на двете земји.

На средбата беа присутни и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за економија Крешник Бектеши, за транспорт и врски Благој Бочварски како и заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација Александар Бајдевски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.