Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Левица сакаaт да го попречат европскиот пат на земјата

Лицемерно Христијан Мицкоски, декларативно се залага за членство на државата во ЕУ, а во пракса ВМРО-ДПМНЕ не поддржа ниту една одлука за евроинтеграциите и прави се за да ја загрози европската европската иднина, обвинуваат од СДСМ.

Од СДСМ порачуваат дека Мицкоски организирал насилни протести против европскиот предлог, ширел хистерија за наводна бугаризација и асимилација.

-ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор во кој нашиот јазик стои заедно со сите 24 јазици на ЕУ потпишан од сите земји членки на ЕУ и од Северна Македонија. Мицкоски е заложник на популистичката реторика на Левица и Димитар Апасиев, со кого се натпреварува во блокади и деструкции за попречување на европската иднина на државата, потенцираат од СДСМ, додавајќи дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица е коалиција за враќање назад.

-Нивната единствена цел е да го попречат европскиот пат на земјата, стои во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК