Соопштение на Партијата на пензионери:
Партијата на пензионерите на денес одржаниот состанок на Извршниот одбор, разгледувајќи повеќе прашања од тековните активности со посебно внимание се задржа на актуелните состојби и процесите на Евроинтеграцијата на државата.
Партијата на пензионерите ги поздравува напорите и веќе констатираните позитивни резултати на сите задолжени чинители во скрининг процесот воден од Европската комисија како значајна операција која има цел да се подготват преговорите за членство во Европската Унија, согласно преземените обврски содржани во Преговарачката рамка..
Отпочнувањето на преговорите за членство во ЕУ и нивното забрзано одвивање е една од најзначајните програмски определби на Партијата на пензионерите, а исполнувањето на бараните реформи и достигнувањата со отворањата на поглавјата во пристапниот процес се гаранција за заштита на националните и државни итереси и ќе овозможат Република Северна Македонија да се развива како демократска, правна и праведна, економски просперитетна, социјално избалансирана, солидарна, функционална, стабилна и модерна европска држава.
Партијата на пензионерите ја искажува подршката на членството на напорите на Владата за отпочнување на бескомпрмисна борба против состојбите на загрижувачката корупција и организираниот криминал, особено на оние случаи кои се однесуваат на вмешаност на високи функционери од власта, за кои се укажува и во извештаите на Стејт департментот и на Европската комисија.
Во врска со актуелните протести на пензионерите против загрижувачките состојби во Сојузот на пензионерските здруженија, Партијата на пензионерите енергично негира дека е организатор на истите.
Меѓутоа, состојбите во пензионерската организација загрижуваат и укажуваат на потребата од сериозен ангажман за нивно менување, особено во делот на организирањето, изборите за раководствата на сите нивоа, и прибирањето, располагањето и трошењето на средствата од членарината кои за секој пензионер се шест евра на годишно ниво, но достигнуваат милионски суми кога ќе се земе вкупната бројка на пензионери кои се преку 330 илјади.