18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ЛОКАЛНО

Градоначалникот на Зрновци од ВМРО-ДПМНЕ удри по џебот на граѓаните, поскапи комунални услуги за 66 отсто, обвинија од општинската на СДСМ

Општинска организација на СДСМ Зрновци – интегрално соопштение:

Во време на голема економска криза кога владата на СДСМ намалува цени со цел олеснување на животот на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните.

Од следниот месец жителите на општина Зрновци ќе плаќаат поскапа сметка за комунални услуги.

Градоначалникот на општина Зрновци, Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ заедно со советниците од оваа партија ги поскапе услугите за граѓаните.

Со одлука на мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ во советот на општината сметката за комунална такса ќе изнесува 250 денари.

Тоа е зголемување за околу 66 отсто од досегашната сметка која изнесуваше 150 денари.

За правните лица, ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да се зголеми цената за 15%.

Ова е пример како градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ под водство на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски не работи ништо а удира по џебот на народот.

Нема проекти, нема идеи, нема решенија за граѓаните, но затоа има зголемување на комуналните услуги.

Градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособниот градоначалник досега во Зрновци и најголемо разочарување за граѓаните.

Спонзорирано: