Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен разбојник во Битола, спроведен за издржување на затворска казна

Денеска (28.03.2023) на ул. „Караорман” во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Е.А.(27) од Кичево.

Тој се барал по наредба од Основен суд Кичево за издржување на казна затвор за извршено кривично дело „разбојништво“, казниво по чл.237 од Кривичниот законик, кое го сторил во текот на 2022 година.
Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Битола за издржување на затворската казна.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК