4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Димитар Ковачевски
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Опозицијата да не се крие, да се вклучи во процесот на уставните измени, важни за нашата иднина во ЕУ

Уставните измени се приоритет со цел продолжување на европскиот пат на државата, порача денеска претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во одговор на новинарски прашања.

Ковачевски најави и формирање на соодветна комисија и ја повика и опозицијата да се вклучи во овој процес важен за државата.

„Приоритет во однос на Уставот е исполнување на нашата обврска од преговарачката рамка која што ја усвоиле 27 земји членки на ЕУ во делот на уставните амандмани за вклучување на други делови од народи кои живеат во државата. Процесот на уставни измени ќе започне, прво со формирање на комисија во која се повикани и претставници на опозицијата, а конечно треба опозицијата да учествува во еден процес кој е стратешки а политичарите треба да бидат одлучни, да носат одлуки кои гледаат кон иднината, кои обезбедуваат подобра иднина исто како што политичарите кои ја донесоа одлуката за членство во НАТО. Било која држава да прашате во светот, дали би сакале да стане членка на ЕУ која сака да се развива и поголем стандард, ќе ви каже да. Ние сме на прагот на довршување на тој пат и верувам дека со вистински и храбри одлуки а не криење зад народот, како што досега се криеше опозицијата во сите важни процеси во државата дека ние тоа ќе го направиме до 2030 година“ порача претседателот Ковачевски.