Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Викендов на подрачјето на Куманово изречени вкупно 224 санкции, 193 за брзо возење

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 224 возачи, од кои 193 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 13 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 11 за управување возило без возачка дозвола и 7 за нерегистрирано возило. Санкциониран е и едeн возaч поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 2.57 промили.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК