17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Штип расчистени пет тешки кражби, две лица приведени

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија пет кривични дела тешка кражба, извршени од товарно возило, магацин, модуларна болница при Клиничката болница во Штип и киоск на територијата на општина Штип, од кои две биле извршени во октомври минатата година, а три на почетокот на март годинава.

Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Д. М. (34) и С. С. (26), двајцата од Штип. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата. Поголем дел од украдените предмети бил пронајдени и вратен на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.