Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фатени крадци во Битола, краделе од куќи, автомобили и спортска обложувалница

Полицијата приведе тројца крадци во Битола, и расчисти пет кривични дела.

„На 19.03.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Д.О.(37) и А.А.(35), двајцата од Битола, а службен разговор во полициска станица бил извршен и со А.М.(27) од Битола. Тие се сомничат дека извршиле три тешки кражби и две кражби во куќи, патнички возила и спортска обложувалница, од каде одзеле разни предмети и пари“, велат од МВР.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случаите против нив ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК