Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

МТСП: Работодавачите се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година да го пресметаат и исплатат со платата за месец март

Министерството за труд и социјална политика известува дека во однос на Објавата за висината на минималната плата за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.58/23), која беше објавена на 16.03.2023 година согласно Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, работодавачите се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година од 29.739,00 денари, да го пресметаат и исплатат со платата за месец март. Согласно Законот за работните односи платата за месец март треба да се исплати најдоцна до 15 април 2023 година.

Износот на минималната плата согласно критериумите од методологијата донесена изминатата година, беше усвоен на Економско социјалниот совет одржан на 13.03.2023 година. На ниту еден работник со мартовската исплата нема да му биде иплатена плата помала од 20.175 денари.

Можеби ќе ве интересира

Европските берзи во пад, нафтата се искачи на речиси 98 долари

C +

Со нов визуелен идентитет и филозофијата „Unlock Interesting“, Diners Club International отклучува нова ера на соработки

ДЕСК

Вицегувернерката Митреска на конференцијата на „Џ. П. Морган“ во Виена: За побрз и поодржлив раст се потребни повисока продуктивност, дигитализација и диверзификација на економијата

ДЕСК