Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Крадците на мониторот од бугарскиот културен центар краделе и од угостители во Скопје, Обвинителството пресече: мотивот е кражба

Се преземаат дејства за расчистување на кражбата на монитор од бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје, што се случи вчера.

Од Обвинителството велат дека се издадени сите потребни насоки и наредби за откривање на сторителите.

Според деталите од Обвинителството, настанот се случил ноќта меѓу 15 и 16 март кога непознати сторители со употреба на сила, освен во објектот на Културно-информативен центар на Република Бугарија, на сличен начин влегле и во уште два угостителски објекта во непосредна близина.

Од угостителските објекти биле одземени пари, а од Центарот е одземен еден монитор од компјутер.

„При увидот од СВР Скопје подигнати се траги од самото место, кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител, се обезбедуваат и снимки од видеонадзорот. До овој момент сите индиции и докази упатуваат дека единствен мотив во конкретниот кривичен настан е противправно присвојување предмети, односно станува збор за кражба. Надлежните институции постапуваат за откривање на сторителите“, информираат од Обвинителството.

За случајот вчера реагира бугарското МНР, од каде што рекоа дека самата кражба на монитор од компјутер била напад на бугарската држава.

Можеби ќе ве интересира

Mozzart и годинава ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Битола добива нов мини-пич терен!

ДЕСК

ЛИНК ГО ОСТАВИЛ БЕЗ ИЛЈАДНИЦИ ДЕНАРИ: Четириесет и седумгодишник измамен преку онлајн платформа

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ТЕТОВО: Жена тепала мало дете на улица, минувачи застанале да го заштитат, а мајката го оставила и си заминала

ДЕСК