Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините

Наместо да работат во интерес на граѓаните и реализација на ветените проекти, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ сè што прават е задолжување и партизација на општините, велат од СДСМ.

„За само 1 година и 3 месеци, ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски го зголемиле долгот на општина Кисела Вода за 40 милиони денари. Зголемување на долгот и обиди за дополнително задолжување преку општински обврзници има и во други десеттина општини предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Но, парите од овие задолжувања, наместо да се трошат на проекти и политики, тие се трошат непродуктивно и за вработување партиски кадри во општините. Општина Гази Баба ќе потроши над 220.000 евра за привремени вработувања, пет милиони денари ќе потроши Општина Аеродром за истата намена, а милиони денари за вработувања ќе потрошат и општините Кочани, Илинден, Велес“, се посочува во соопштението од оваа партија.

Тоа, како што додаваат од таму, е учинокот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првата третина од нивниот мандат.

Оценуваат дека ништо не се менува во белиот дворец, партијата предводена од Христијан Мицкоски се грижи само за личните и бизнис-интересите на поединци, а ги игнорира потребите на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици

C +

Жерновски до Мицкоски: Зошто не го вративте името?

C +

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +