Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Апсење среде Скопје: Приведен дилер за издржување затворска казна од три години и осум месеци

Денеска (14.03.2023) во 15.10 часот на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Џ.(43) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и осум месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

C +

Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд

C +

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

C +