Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Загина жена откако беше удрена од возило во скопскиот регион

На 02.03.2023 во 13.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Петровец, скопско, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(61) од Скопје удрило во пешакот Д.В.(59) од с.Катланово, а потоа излегло од коловозот. На местото на несреќата починала Д.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото Д.Т.(58) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот, вели Стоојаноски

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК