Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Бектеши на Министерски состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена во Загреб: Работиме на изградба на безбеден енергетски систем за забрзување на енергетската транзиција

Северна Македонија минува низ големи промени во инфраструктурата во енергетскиот сектор. Се реализираат големи инвестиции во обновлива енергија кои наскоро ќе доминират во производството на електрична енергија. Системот на дистрибуција на природен гас е во развој на нови интерконекции со соседните земји. Дистрибутивна гасоводна мрежа ќе се прошири во сите најголеми општини. Мрежите за дистрибуција на гас ќе бидат дизајнирани за најголемите општини и системите за централно греење и ладење се планирани за погусто населените области на нашите општини. Како резултат на овие инвестиции и промени во енергетската инфраструктура, државата има зголемена потреба од паметни мерачи, софтвер управуван од вештачка интелегенција како и капацитети за складирање на електричната енергија од обновливи извори.
Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши на Панел дискусијата „Критична инфраструктура“ во рамки на на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC) кој во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за економија и одржлив развој на Република Хрватска се одржува во Загреб.
Како што истакна министерот на Панел дискусијата, Северна Македонија е сериозно посветена на енергетска транзиција и диверзификација на изворите на снабдување со енергенси и реализација на зеленото сценарио, кое предвидува целосно затварање на на капацитетите за производство на електрична енергија од јаглен до 2035 година година.

“Нашата енергетска стратегија предвидува итна изградба на проекти обновлива енергија, соларни, ветерни и хидроцентрали, за да се замени производството на енергија на јаглен и да се задоволат идните потреби за електрична енергија на државата. Нашата цел е уделот на обновливите извори на енергија во производството на електрична енергија во Северна Македонија да достигне 50 отсто пред 2030 година“ кажа Бектеши.
Министерот Бектеши истакна дека како што е случај со сите земји, електроенергетската мрежа на Северна Македонија има и ќе продолжи да се соочува со зголемен број предизвици во транзицијата кон производство на чиста енергија.
„Северна Македонија прави чекори во заштита на нашата критична енергетска инфраструктура. Инсталираме нов оперативен софтвер што е целосно во согласност со меѓународните барања за сајбер безбедност и овозможува подобро планирање, закажување и операции на варијабилни капацитети од обновливи извори на енергија и капацитети за складирање на енергија. Регулаторната комисија за енергетика подготвува надзор над капацитетот за сајбер безбедност особено за субјектите што се сметаат за критична инфраструктура. Работиме на измени и дополнувања на Законот за енергетика за примена на меѓународни стандарди за сајбер безбедност на енергетските капацитети со цел да се создаде посигурен дигитален екосистем“ кажа министерот и потенцираше дека има во оваа насока државата има уште неколку чекори за завршување, вклучително и развој на нов Закон за компјутерска безбедност и транспонирање на директивите на ЕУ.
“Бидејќи нашите енергетски мрежи стануваат поинтегрирани, заштитата на критичката инфраструктура станува предмет на прекугранична соработка. Постојат многу опции што би можеле да ги разгледаме за соработка во регионот како што се зеднички сет на стандарди низ регионот за енергетска инфраструктура, идентификација на регионалната критична инфраструктура и како е заштитена, стрес -тестови за да се идентификуваат слабите места во регионот каде треба да се постават приоритетни инвестиции“ кажа Бектеши.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Сè повеќе студенти се подготвени да го напуштат факултетот за да го заштитат своето ментално здравје

Една нова анкета на Галуп објави дека 41 процент од студентите кои моментално се запишани на постсредно програма размислувале да се откажат од студиите во изминатите шест месеци. Овој број… Прочитај повеќе

Летно сметање на времето

Летното сметање на времето во 2023 година започнува на 26 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03… Прочитај повеќе

УСЈЕ се приклучи на глобалната иницијатива „Час на планетата земја 2023“

Повеќе од една деценија, Цементарница УСЈЕ е дел од глобалната иницијатива „Часот на планетата земја“. Во сабота, 25 март 2023 година, од 20:30 часот до 21:30 часот, УСЈЕ ќе ги… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе