Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Култура

Костадиновска-Стојчевска: Новите иницијативи на Балканот, се нови можности и за посилна културна соработка со Црна Гора

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари билатерална средба со својата колешка, министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Maша Влаовиќ, на која се разговараше за досегашната и за идната соработка во областа на културата меѓу двете земји, како и за одличните релации во рамките на регионалната соработка.

Костадиновска-Стојчевска и Влаовиќ се согласија дека досегашната интензивна и плодотворна работа резултираше со голем број проекти и иницијативи во сите дејности на културата.

„Задоволни сме од блискиот начин на кој соработуваат институциите, поединците и здруженијата од културата, особено во литературната и драмската дејност, како и на летните фестивали ’Охридско лето‘ и ’Котор арт‘. Уверена сум дека со денешното потпишување на новата Програма за соработка за периодот 2023 – 2026 година, ќе  овозможиме уште побогата институционална соработка, реципрочно користење на капацитетите на институциите, заеднички проекти и иницијативи“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

На средбата стана збор и за развивање програми за размена на млади луѓе од Европа, за презентација на културните традиции на земјите од каде што доаѓаат.

Во тој контекст, Костадиновска-Стојчевска го подвлече и значењето на иницијативата „Отворен Балкан“, која нуди големи можности за унапредување на соработката во областа на културата, и изрази  уверување дека Црна Гора наскоро и официјално ќе пристапи кон оваа иницијатива.

На средбата беше истакната и досегашната успешна соработка во рамките на Форумот на словенските култури, Советот на министри за култура од Југоисточна Европа, УНЕСКО и во други меѓународни организации.

На крајот, Костадиновска-Стојчевска и Влаовиќ изразија задоволство што токму во годината кога нашата земја одбележува 60 години од скопскиот земјотрес, вечер во Музејот на современата уметност ќе биде отворена изложба на дела од творештвото на еден од највлијателните сликари на територијата на поранешна Југославија во децениите по Втората светска војна, Петар Лубарда.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Четири хороскопски знаци ги чека април за паметење: Доаѓаат успеси и голем напредок

Овој април ќе биде особено успешен и корисен за четирите знаци кои ќе доживеат голем напредок. Иднината не може да се предвиди, но ако им се верува на астролошките прогнози… Прочитај повеќе

Добриот план е половина работа: Ова ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го направите пред да одите на одмор

Повеќето туристи кои не патуваат преку агенции, сместувањето го избираат преку специјализирани локации, што се води од критиките на другите гости. Но, тука често се јавува проблемот, особено ако критики… Прочитај повеќе

Дали ги користите двете раце или само палецот? Што кажува начинот на кој ги пишувате пораките за вашата ЛИЧНОСТ

Откријте каква личност сте. Сите ние поминуваме многу време и на социјалните мрежи и пишувајќи пораки. Во зависност од тоа како ги пишувате, можете да одредите какви сте како личност.… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе