3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИС

Денови на италијанскиот дизајн во Скопје: модна ревија и мастер-клас на еден од најдобрите италијански дизајнери

За деновите на италијанскиот дизајн во Скопје, Амбасадата на Италија и ИТА – Italian Trade Agency организираат настани со кои се промовираат уникатноста и врвниот квалитетот на италијанскиот дизајн. Темата на годинешното издание на деновите на италијанскиот дизајн е: „Квалитет што инспирира – енергијата на дизајнот за луѓето и околината“.

Деновите на италијанскиот дизајн во Скопје ќе почнат на 9 март во „Ист гејт мол“ со модна ревија на најновите колекции на италијанските брендови ARMANI, LIU JO, PATRIZIA PEPE, TWINSET, SIGMA JEWLERY, DAN JOHN, ERREA, LEMARE, TOSCA BLU, BARK SHOES, FRATELLI BOVO, DANIELA COARO, UTOPIA, SERGIO ROSSI, TRUSSARDI и KIKO MILANO, со која ќе се отвори 26-тото издание на Fashion Weekend Skopje.

Настанот е од отворен тип, наменет за сите посетители и љубители на модата и дизајнот, кои ќе може лично да ја почувствуваат возбудата на гламурот од италијанските модни писти.

На 10 март, на Машинскиот факултет во Скопје, еден од најпознатите италијански дизајнери, Арслан Додо, ќе одржи мастер-клас посветен на италијанскиот дизајн и неговите дела. Арслан Додо е прогласен за амбасадор на италијанскиот дизајн од Министерството за надворешни работи на Италија и е еден од најдобрите 90 дизајнери во светот. Со препознатливиот еклектичен стил, Арслан Додо има дизајнирано многу уникатни парчиња и е специјализиран во делот на мебел и осветление. Добитник е на наградата Young & Design Prize, и Mini Design Awards. Арслан Додо е, меѓу другото, еден од најпопуларните дизајнери во светот и е предавач на повеќе универзитети.

Настанот е од отворен тип и е бесплатен, а заинтересираните учесници може да се пријават директно на Машинскиот факултет во Скопје.

Спонзорирано: