Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Шкријељ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да прашаат како со професорска плата се стигнува до милионски имоти

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ да го прашаат својот претседател како со професорска плата се стигнува до милионски имоти, истакна од собраниската говорница пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ.

Пратеничката Шкријељ го цитираше Мицкоски, кој како што рече самиот во едно интервју дека многу тешко се живее и дека бил погоден од инфлацијата, затоа што живеел од професорска плата и едвај скрпувал крај со крај.

“Сите професори и наставници би сакале да знаат како тоа со просечна професорска плата се стигнува до имоти со вредности од милионски суми и во Скопје и надвор од Скопје и како се стекнуваат бизниси кои вредат по 11 милиони евра“, нагласи Шкријељ.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК