Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Ковачевски – Таравари: Владина поддршка за општините за подобар и подостоинствен живот за сите наши граѓани

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска во Гостивар оствари кратка средба со градоначалникот на општината, Арбен Таравари.

Премиерот и градоначалникот говореа за предизвиците со кои се соочува Општина Гостивар и за важноста на поддршката што Владата ја дава за стабилизирање на општините за успешно да ги извршуваат законските надлежности и да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните.

Беше наведено дека Владата гради објективен, правичен, транспарентен и одржлив систем за финансиско изедначување на општините. Целта на Владата е на граѓаните да им се обезбедат квалитетни услуги и пристап до истите, без разлика каде живеат.

Ковачевски и Таравари на состанокот уште еднаш ги потврдија заложбите за окрупнување и здружување на сите прогресивни политички партии, кои се за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Ковачевски истакна дека за Владата е најважно да обезбеди просперитетна иднина за сите граѓани бидејќи тие заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ.