6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Инвестициите на ЕИБ Глобално достигнаа 824 милиони евра на Западен Балкан во 2022 година, надополнети со грантови од 11,2 милиони евра

Банката на ЕУ, преку нејзината филијала посветена на активности надвор од Европската Унија – ЕИБ Глобално, инвестираше 824 милиони евра низ Западен Балкан во 2022 година за да ги забрза одржливата поврзаност, чистата животна средина, зелената транзиција, дигитализацијата и растот на приватниот сектор. Овие проекти придонесоа за реализација на Економскиот и инвестицискиот план на Европската унија за регионот, како и иницијативата Global Gateway. Згора на тоа, банката мобилизираше грантови од 11,2 милиони евра за да иницира проекти за одржлив, урбан развој, енергетски ефикасни и обновливи извори на енергија. Најголемиот дел од новите договори се доделени за поодржлив, побезбеден и поефикасен транспорт – проекти за железница и водни патишта, кои изнесуваат 75 % од вкупното кредитирање минатата година, проследено со инвестиции во мали и средни претпријатија (МСП), проекција на животната средина и дигитализација.

Како еден од водечките актери на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), ЕИБ Глобал продолжи да спроведува инвестиции во партнерство со Европската комисија, меѓународните финансиски институции и партнерите од Западен Балкан.Овој пристап во рамките на Тим Европа овозможува максимално искористување на финансиските ресурси кои се достапни за потребните инвестиции. Банката на ЕУ, исто така, дизајнираше иновативни финансиски инструменти, вклучувајќи мешавина од заеми, гаранции, советодавни услуги и грантови, во рамките на Европскиот фонд за одржлив развој плус (EFSD+), за поддршка на општините, производителите на електрична енергија, корпорациите, малите и средните претпријатија и комерцијалните банки со инвестиции во енергија, поврзување и дигитални сектори.

Лилјана Павлова, потпретседателката на ЕИБ, која е одговорна за Западен Балкан, изјави: „ Влијанието на нашето финансирање во регионот ја одразува нашата посветеност и упорност на групата ЕИБ во поддршката на Западен Балкан која се трае повеќе од 45 години. Во последните неколку години, Европа се соочува со испреплетени кризи што предизвикаа огромни социоекономски нарушувања. Во исто време, тие ја забрзаа зелената и дигиталната транзиција, поттикнувајќи ја ЕИБ да се врати на својата улога на контрацикличен инструмент на економската политика во рамките на иницијативата Тим Европа за да им помогне на локалните економии побрзо да закрепнат и да ја приспособат инфраструктурата за да се справат со критичните предизвици во иднина.“

Од 2020 година, ЕИБ Глобално инвестираше 2,5 милијарди евра во Западен Балкан обезбедувајќи директна и конкретна поддршка за земјите кои помагаат долгорочно да се префрлат кон климатско неутрална, енергетски безбедна и инклузивна економија, истовремено справувајќи се со најнепосредните последици од кризата.

„Сега, планираме да го прошириме нашето учество во енергетскиот сектор со придонес во пакетот за енергетска поддршка на ЕУ од 1 милијарда евра, усвоен во декември 2022 година, со проекти за обновливи извори на енергија, изградба и модернизација на енергетска мрежа и капацитети за складирање“, истакна потпретседателката Павлова.

Иницирање проекти за климатски и урбан развој
Како климатска банка на ЕУ, над 80 % од 824 милиони евра потпишани во 2022 година отидоа на еколошки одржливи проекти, со што директно придонесуваат за климатските активности. Меѓу другото, средствата од заемите ќе овозможат изградба на железничкиот дел Белград-Ниш на Коридорот X во Србија, рехабилитација на *косовскиот дел од Европската железничка рута 10 и натамошно подобрување на пристаништата и инфраструктурата на водните патишта вдолж реките Сава и Дунав. Во Северна Македонија, ЕИБ Глобално ќе обезбеди финансирање за инфраструктурата за водоснабдување, отпадни води и заштита од поплави во 80 општини. За да се забрза дигитализацијата, доделени се дополнителни средства за проектот Поврзани училишта во Србија.

Покрај нејзиното финансирање, банката обезбеди и грантови од 11,2 милиони евра за подготовка и реализација на нови проекти. Во Босна и Херцеговина, техничката помош на ЕИБ Глобално ќе овозможи изградба на ветерна фарма од 50 MW во регионот Травник, забрзувајќи ја транзицијата кон обновливи и безбедни енергетски ресурси. Во Албанија, технички експерти финансирани од банката работат на проект за социјални станови во главниот град на земјата, како и на развој на инвестициски планови за окрузите Скадар и Леска за да помогнат во подобрувањето на поврзаноста, квалитетот на животната средина и туристичката понуда. Во Косово, консултантите на ЕИБ Глобално помагаат во подобрувањето на инфраструктурата и стандардите за високо образование.

„Како дел од Тим Европа, ЕИБ Глобално со задоволство го поддржува регионот во справувањето со урбаниот развој и инфраструктурните потреби на финансиски одржлив, социјално инклузивен и енергетски ефикасен начин. Овие грантови се дополнителен доказ за нашата посветеност да го поттикнеме енергетски безбедниот и климатско неутрален развој на Западен Балкан, неговото усогласување со стандардите на ЕУ и борбата против климатските промени“, изјави потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова.

Клучен партнер на малите бизниси во регионот
Придонесот кон закрепнувањето на приватниот сектор, растот, создавањето работни места и декарбонизацијата продолжија да бидат во фокусот на групацијата ЕИБ во 2022 година. Во соработка со националните развојни институции и комерцијалните банки, банката обезбеди 150 милиони евра во форма на кредитни линии за малите и средните претпријатија за да им помогне да ги решат нивните потреби за ликвидност и инвестиции, а истовремено да се префрлат на климатски неутрален, инклузивен и дигитален модел.

Годинава официјално беше пуштена во употреба кредитната линија за финансирање на банката која го поттикнува женското претприемништво и инклузивните можности за работа низ целиот регион. Преку овој заем, банките партнери обезбедуваат финансиски награди за компаниите што се обврзуваат да вработуваат луѓе од ранливите социјални групи на долгорочна основа. Како одговор на актуелната енергетска криза, ЕИБ Глобално дизајнираше наменска кредитна линија за климатски и енергетски ефикасни проекти.

Конечно, Европскиот инвестициски фонд, дел од групацијата ЕИБ, го претстави „Гарантниот фонд за отпорност на МСП на WBEDIF“ финансиран со 60 милиони евра за да обезбеди пристап до финансии по поволни услови за околу 4.000 мали бизниси во регионот. Се очекува гаранцијата да отклучи портфолио од околу седум пати повеќе од доделените ресурси – околу 400 милиони евра, и да обезбеди значителна поддршка за локалните мали и средни претпријатија за пристап до кредити, зголемување на нивната отпорност и зајакнување на капацитетите додека се движат кон поодржлива економија со ниска потрошувачка на јаглерод.

Спонзорирано: