Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Анкета со различни броеви не може да биде релевантна туку обид за манипулација на граѓаните

Соопштение на СДСМ:

Анкетата којашто денеска беше објавена има различни бројки. На почеток се тврди дека се анкетирани 1.200 граѓани, а на крај дека биле 1.067.

Анкета со различни броеви не може да биде релевантна туку обид за манипулација на граѓаните.

Останува фактот дека вакви анкети излегуваат секогаш кога Христијан Мицкоски ќе доживее пораз на политичката сцена во земјава, кога ќе излезе спротивно од она што го говори или кога треба да се покрие некаков скандал со раце во медот.

Нарачани анкети имаше и пред изборите во Маврово Ростуше и Центар Жупа кога се тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност за на крај Мицкоски да доживее пораз.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +