11. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестБИЗНИС

„Пелистерка“ доби признание за поддршката на спортот во Македонија

Цветан Панделески во името на македонскиот национален бренд „Пелистерка“, го прими признанието за посебен придонес во развојот и афирмирањето на спортот во Македонија.

Признанието го доделува „Асоцијацијата на спортски новинари“ на Македонија во склоп на годишната манифестација „Асовите бираат асови“ на која „Пелистерка“ е поддржувач долги години.

Изборот на „Пелистерка“ за доделување на ова признание се должи на посветеноста и филантропијата на компанијата и нејзиниот сопственик Цветан Панделески на развојот на спортските активности во Македонија, како и за дадената поддршка на македонските спортисти.

„Пелистерка“ како компанија за производство на природна газирана минерална вода и други висококвалитетни производи важи за бренд што посветено и безрезервно ги протежира исклучителните резултати на заслужни поединци во секое поле.

Поддршката на спортот и на општествено корисните активности како компаниска општествена одговорност произлегува од убедувањето на раководството на компанијата и сопственикот Цветан Панделески дека националните вредности треба да се помагаат и промовираат.

Компанијата Пелистерка преку својот најпознат бренд низ разни активности и финансиски ги подржува сите спортови во Македонија, екипни и индивидуални и преку разни кампањи придонесува за популаризација на спортската култура во земјава, посебно кај младите генерации.

Една од најновите е кампањата „Пелистерка вода за најдобри“ која е посветена на 12 наши спортистки од екипни и индивидуални спортови кои постигнале значајни резултати на домашни и меѓународни натпреварувања.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите од следниот месец ќе се “офајдат” со 1.000 денари покачување

ДЕСК

Се токмат нови цени на горивата

ДЕСК

УЈП продаде запленет стан во Охрид, деловен простор во Струмица, земјиште во Прилеп – вкупно инкасирале 314.230 евра

ДЕСК