Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Извршен увид, починато девојче од струен удар во Илинден

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на МВР и обдуцент од Институтот за судска медицина изврши увид на лице место на железничка станица во општина Илинден, каде според првичните сознанија, како последица на струен удар починало 14 годишно девојче.

Првичните информации упатуваат на тоа дека несреќата се случила кога девојчето со уште две други деца си играло околу паркираните вагони, при што во еден момент се качило на еден од вагоните и се допрело до жиците за струја под висок напон. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче.

Со двете малолетни лица – сведоци на настанот е извршен разговор, местото е фотографирано и се работи на испитување на сите околности кои довеле до трагичниот настан.

Можеби ќе ве интересира

МУ ГО ОДЗЕЛ ЛИЧНИОТ НАКИТ СО УПОТРЕБА НА ФИЗИЧКА СИЛА – Струмичанец пријавил инцидент по расправија во парк

ДЕСК

Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, објектот ќе биде отворен во јануари 2027

ДЕСК

Беким Сали во Вилнус: Проширувањето на ЕУ треба да донесе напредок заснован на заслуги и конкретни придобивки

ДЕСК