Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Амбасадорот Река: Една година помина од нападот на руската војска врз слободата на Украина, тоа е една долга година и сите посакувавме да не мора да бидиме денеска овде

Албанскиот амбасадор Фатос Река на денешната конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија подвлече дека тоа е една долга година која помина, и дека сите посакувавме да не мора да бидиме денеска овде.

Една година помина од нападот на руската војска врз слободата и слободата на државата на Украина. И кога почна таканаречената „специјална воена операција„ однесе илјадници жртви, од населението создаде милиони бегалци во целата Европа и предизвика разорување на целата земја, да не споменуваме индиректното влијание на глобалната енергетска криза, изјави Албанскиот амбасадор Фатос Река.

Амбасадорот во обраќањето потсети и на изјавата на украинскиот министер за надворешни Димитри Кулеба кој рече дека руските триупи имат направено воени злосторства против човештвото, како и на скорешното интервју на Генералниот секретар на Алијаната Јенс Столтерберг во кое тој објасни како НАТО сојузниците да дават поддршка на Украина.

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК