Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Средба Тренчевска- Гви Јеоп Сон: Поддршката и соработката на ОН агенциите во земјава продолжува и се зајакнува на патот кон Европската Унија

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска  денеска оствари средба со регионалната директорка на Обединетите Нации за Европа и Централна Азија, Гви Јеоп Сон и постојаната координаторка на ОН во земјава Росана Дуџиак.

На средбата се разговараше за соработката и поддршката на ОН агенциите во нашата држава со осврт на областите кои се под надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

 Во оваа прилика, министерката Тренчевска информираше за соработката со УН Вомен на полето на родовата еднаквост и зајакнување на жените. Министерството го реализира проектот „Унапредување на институционализацијата на родовото одговорно буџетирање (РОБ) преку системска интеграција на родовата перспектива во стратешкото планирање и програмирање на владините  институции во Северна Македонија во соработка на УН Вомен. Проектот го подржува напредокот на земјата во спроведувањето на национални и меѓународни обврски за родова еднаквост  и зајакнување на жените во согласност со целите за одржлив развој и процесот на пристапување во ЕУ. Формиран е и Ресурсен центар за родово одговорно креирање на политики и  буџетирање.

Во областа на трудовото право социјалниот дијалог, безбедноста и здравјето при работа, пазарот на труд и вработувањето, беше истакната големата поддршка од Меѓународната организација на трудот (МОТ).  Како една од позначајните соработки е последната национална стратегија за вработување 2021-2027 и Акцискиот план 2021-2023, како и експертската поддршка и техничка помош.

Фондот за население на ОН е исто така долгогодишен партнер на министерството. Соработката со оваа агенција има зголемен интезитет, земајќи предвид дека се подготвува стратегијата за демографски политики.

Долгогодишен партнер на Министерството за труд и социјална политика е и УНИЦЕФ, особено во делот на унапредување на згрижувањето на децата . Отворени се два центри за поддршка на згрижувачки семејства и одржани обуки за стручни лица од центрите за социјална работа. Од одделението за имплементација на Стратегија за Роми се истакнува вклучувањето на УНИЦЕФ во Проектот за вклучување на деца роми во предучилишното образование.

УНХЦР е долги години партнер на министерството односно секторот на социјална заштита и одделението за миграција и интеграција на бегалци и странци, како и во делот на имплементација на Законот за лица неевидентирани во Матичната книга на родени, со теренски активности и правна помош на овие лица пред институциите.

На средбата соговорниците изразија подготвеност и уверување за продлабочување на соработката  со ОН агенциите во земјава, која е од големо значење во процесот на скрининг и предпристапни преговори на земјава со Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Едни ќе треба да штедат, други се пред големи потези кои ќе им донесат пари – Кои знаци ќе имаат финансиски придобивки во април?

Овен (21.03 – 19.04): Овој месец можеби ќе треба да донесете некои важни финансиски одлуки. Одвојте време внимателно да ги оцените вашите опции пред да направите големи инвестиции. Бик (20.04… Прочитај повеќе

Величковски: Вучиќ и Курти за две минути би решиле прашање како тоа за внесувањето на Бугарите во Уставот

Поранешниот пратеник Ивон Величковски, во интервју со Васко Ефтов изјави дека “ние денеска не можеме да разбереме дека со преговорите меѓу Србија и Косово во Охрид ни беше дадена можност… Прочитај повеќе

Продолжи кампањата „МВР за граѓаните“ – Преку партнерство меѓу полицијата и заедницата до зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење

Во текот на денешниот ден Министерството за внатрешни работи преку претставници од Македонскиот полициски синдикат и секторите за внатрешни работи со своите оддели за превенција продолжија со активности во врска… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе