Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прегазен пешак во Ѓорче Петров, со тешки повреди пренесен во болница

Скопјанец бил прегазен од автомобил во скопската населба Ѓорче Петров.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила вчера на улицата Ѓорче Петров.

„Патничко возило ‘ситроен’, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј. А. (38) од селото Глумово, Скопско, удрило во З. Б. (53) од Скопје. Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од полициска екипа.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА МОЖНА БЛОКАДА НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ – Протест во Крива Паланка од 11 часот поради неконтролираното движење на добиток

ДЕСК

ДЕЖУРНИ ЛЕКАРИ И АПТЕКИ ВО САБОТА – Каде граѓаните можат да ги проверат здравствените услуги

ДЕСК

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ДЕСК