11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИС

Норвешки милијардери се селат во Швајцарија поради новиот закон за даноци

Поради новиот закон за даночна политика, кој стапи во сила во Норвешка во ноември 2022 година, неколку десетици богати Норвежани се преселија во Швајцарија.

Швајцарија одамна е позната по умерената даночна политика кон странците, а според „Фајненшл тајмс“, од минатата есен во таа земја се преселиле 36 Норвежани, пишува француски „Монд“.

Еден од нив е норвешкиот крал на недвижностите, Торд Уендад Колстад, чие богатство се проценува на 182 милиона евра. Тој купил куќа на брегот на езерото во Луцерн и рекол дека се преселил поради помалите даноци.

Според норвешката амбасада во Швајцарија, таму живеат околу 5.000 Норвежани, од кои повеќе од 430 се членови на Норвешкиот клуб Швајцарија, кој предлага културни настани, традиционални фестивали и месечни состаноци во осум града.

Во земјата има и две норвешки онлајн-продавници за продукти, како и норвешки салони за убавина.

Властите во Луцерн се воодушевени од новите доселеници, пред сè, поради зголемените приходи што ги добиваат од нив бидејќи, како што велат, овие пари може да се искористат за реновирање училишта, изградба на театри, културна и туристичка инфраструктура.

Спонзорирано: