Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МОН препорачува онлајн настава во деновите кога училиштата ќе добијат дојави за бомби

Министерството за образование и наука препорача во деновите кога училиштата ќе добијат заканувачка порака за поставена бомба, да организираат онлајн настава, наместо целосно да ја прекинуваат наставата тој ден.

Оваа препорака е со цел да не се губат часови.

Учениците ќе треба за еден час, колку што им е потребно да се вратат во нивните домови, да се приклучат онлајн за да ја следат наставата, велат од МОН.

Оваа препорака е испратена од МОН до директорите училиштата кои изминативе месеци во континуитет добиваат лажни дојави за поставени бомби во нивните објекти.

Освен препораката за онлајн настава, во дописот биле посочени и начини за користење на електронските адреси и насоки за зајакнување на контролата за влез и излез во училиштата.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК