Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Каевски: Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се поради тоа што им пропаднаа лагите за ново мнозинство и предвремени избори

Функционалноста на Собранието не е одговорност само на пратениците од владејачкото мнозинство, туку одговорност на сите пратеници, впрочем ние добиваме плата од граѓаните за да работиме, Собранието да биде сервис за граѓаните, а не да биде можност опозицијата да ги користи сите алатки и механизми за да блокира и да покаже дека одреден дел од системот не функционира, порача пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски во емисијата „Утрински брифинг“.

Осврнувајќи се на седницата за реконструкција на Владата, Каевски посочи дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидува да го пролонгира нејзиното траење, затоа што им пропаднаа најавите за ново парламентарно мнозинство.

„Поминаа десет ден дискусија за реконструкцијата на Владата, ВМРО-ДПМНЕ зборува за се и сешто само не за она што треба да се зборува. Причината е тоа што кон крајот на минатата година, нивниот претседател и најтесното раководство имаа изјави дека некаде во февруари ќе се распушти Собранието и во мај ќе има предвремени избори. Токму од тие причини одолговлекувањето е само поради тоа што нема нови избори ново парламентарно мнозинство, туку постоечкото мнозинство се зголемува. Мицкоски лично кажа дека се бројат часови и денови каде што новото парламентарно мнозинство ќе гласа за распуштање на Собранието, ќе има техничка влада и ќе се спроведат предвремени избори. На таа лага и доаѓа крајот и токму поради тоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е обидуваат да ја пролонгираат седницата што повеќе, но таа седница за брзо ќе заврши и денеска во текот на денот се очекува да се гласа за разрешување на трите министри и веќе од утре да се почне со дискусија за именување на министри и тоа ќе заврши веќе кон крајот на следната недела“ истакна Каевски.

Каевски повика на одговорност од сите политички чинители, особено земајќи го предвид фактот што државата се уште се соочува со последиците од економската и енергетската криза и потребата од функционални институции.
„Мора да сфатиме дека се наоѓаме во економска и енергетска криза, одговорноста не само кај владата туку и кај опозицијата, мораме да покажеме дека сме единствени за интересите на граѓаните, тие се над се и пред се и нашите дневно политички активности не треба да ги ставаме над граѓаните, а токму тоа го прави опозицијата“ порача Каевски додавајќи дека една пленарна седница во Собранието, чини околу 55.000 евра кои се пари на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Четири хороскопски знаци ги чека април за паметење: Доаѓаат успеси и голем напредок

Овој април ќе биде особено успешен и корисен за четирите знаци кои ќе доживеат голем напредок. Иднината не може да се предвиди, но ако им се верува на астролошките прогнози… Прочитај повеќе

Добриот план е половина работа: Ова ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го направите пред да одите на одмор

Повеќето туристи кои не патуваат преку агенции, сместувањето го избираат преку специјализирани локации, што се води од критиките на другите гости. Но, тука често се јавува проблемот, особено ако критики… Прочитај повеќе

Дали ги користите двете раце или само палецот? Што кажува начинот на кој ги пишувате пораките за вашата ЛИЧНОСТ

Откријте каква личност сте. Сите ние поминуваме многу време и на социјалните мрежи и пишувајќи пораки. Во зависност од тоа како ги пишувате, можете да одредите какви сте како личност.… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе