Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Современите студиски практики гаранција за флуидност на пазарот на труд

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска се сретна со проекторатот на Меѓународниот балкански универзитет, професор д-р Мевлудин Ибиш. На средбата се разговараше за можностите што им ги нуди Универзитетот како на студентите во Република Северна Македонија така и од другите држави.

На средбата се разговараше и за можноста за потпишување меморандум за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Меѓународниот балкански универзитет, со кој ќе им зголеми полето за одржување практична настава на студентите и ќе ги подготви за понатамошен работен ангажман. Исто така, беше посочено дека меморандумот може да биде и во делот на унапредување на капацитетите на вработените во Министерството.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК