Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајна несреќа: Пет лица со тешки повреди, две со телесни повреди

На 06.07.2026 во 17:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(25) од с.Визбегово, скопско и патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишната С.П. од с.Бразда, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „бмв“ Д.С.(25) од с.Сингелиќ, скопско, додека со телесни повреди двајцата возачи и сопатничката од патничкото возило „сеат леон“, И.П.(24) од с.Бразда, скопско, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК

ВЛАЖНИ ПАТИШТА И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ – АМСМ со предупредување за возачите

ДЕСК