Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Трагедија во Битола: Загинаа две лица во тешка сообраќајка – МВР го објави идентитот и деталите

На 21.02.2023 во 15.57 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола–Прилеп, на излезот од Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен пикасо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.В.(44) од Прилеп и патничко возило „цитроен ц1“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(63) од Норвешка.

На местото на несреќата починале двајцата возачи, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Сопатничката од возилото „цитроен ц1“, А.Е.(48) од Норвешка, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

*фотографијата е илустративна

Можеби ќе ве интересира

БЕЗ ВОЗАЧКА, СО 2,75 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ: Маж осомничен за безобѕирно управување, сообраќајка, бегство од полиција, а откако го фатиле ги тепал полицајците

ДЕСК

Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

ДЕСК

Филипче од Конгресот: „Твоја држава – твоја шанса“ е морален завет на СДСМ

ДЕСК