Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МакедонијаВо тренд...

Обвинение за промовирање насилство врз жени преку компјутерски систем

Основното јавно обвинителство Скопје пред надлежниот суд поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Двајцата обвинети преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја што промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.

Првиот обвинет, гостувајќи во интервју објавено на 14 февруари како поткаст на јутјуб-канал на вториот обвинет, јавно промовирал чин на полово насилство евоцирајќи спомени од неговото наводно минато, без да изнесе морална осуда или каење, со тоа свесно промовирајќи го таквото насилничко однесување.

Вториот обвинет, иако бил свесен за влијанието што го има содржината што ја емитува, особено меѓу младата популација, сепак не го спречил или прекинал соговорникот, туку дополнително го наведувал со коментари и потпрашања да го прераскажува спорниот настан.

По наредба на јавен обвинител, Секторот за компјутерски криминал при МВР го документира и ги обезбеди наведениот поткаст и целокупниот доказен материјал, кој ги потврдува елементите на кривичното дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 5 години.

Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да определи мерка на претпазливост за првиот обвинет – привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница. Освен ова, особено имајќи ги предвид меѓународните обврски што произлегуваат од Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, но и влијанието и последиците од постапките на двајцата обвинети врз јавниот морал и интерес, за двајцата обвинети предложена е мерка – забрана за преземање определени работни активности, кои се поврзани со кривичното дело што им се става на товар, односно забрана за каков било јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал​.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Сè повеќе студенти се подготвени да го напуштат факултетот за да го заштитат своето ментално здравје

Една нова анкета на Галуп објави дека 41 процент од студентите кои моментално се запишани на постсредно програма размислувале да се откажат од студиите во изминатите шест месеци. Овој број… Прочитај повеќе

Летно сметање на времето

Летното сметање на времето во 2023 година започнува на 26 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03… Прочитај повеќе

УСЈЕ се приклучи на глобалната иницијатива „Час на планетата земја 2023“

Повеќе од една деценија, Цементарница УСЈЕ е дел од глобалната иницијатива „Часот на планетата земја“. Во сабота, 25 март 2023 година, од 20:30 часот до 21:30 часот, УСЈЕ ќе ги… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе